НЕБРАНЕТАТА ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА „Битолскиот говор“ НА ВОИСЛАВ И. ИЛИЌ
Воислав И. Илиќ е виден плоден поет, есеист и научник. Роден е на 1-ви мај 1916 година во Дебар. Во 1921 година неговите родители се преселиле во Битола, каде Воислав завршил основно, прогимназнско и гимназиско образование. Студиите ги започнал во есента на 1935 година на Филозофскиот факултет (група за српскохрватски јазик и југословенска книжевност) во Белград, а на 21 јуни 1939 година дипломирал. Извесно време работел како коректор во редакцијата на весникот „Правда“, а од 1940 до 1958 година, со мали прекини, беше професор во ХII белградска гимназија на Баново Брдо.
Битола и битолскиот говор Воислав И. Илиќ ги прегрна како свои, бидејќи во потпелистерскиот град го мина најдобриот период од животот, детството и ученичките години, првите љубови и првите “распнувања“. Се разбира, видливи се и трагите на родното дебарско подрачје. Во Битола му живееја родителите, сестра му и нејзиниот поpод, na ceкоја прилика да користеше да се најде таму.
Паралелно со уметничкото творење, кај Воислав И. Илиќ се јавува и интересот за научно осветлување на битолскиот народен говор. Тој стремеж дошол до израз по добивањето на првите награди на конкурсот на Белградскиот универзитет од Чехословачката влада во 1937 и 1938 година за трудовите: “Југословенско-чехословачката взаимност” и “Чехословачко-југословенските културни односи во ХIХ и ХХ век“.
За понатамошно обработување на теми од таа област користел стипендија на Чехословачка и во 1939 година престојувал во Прага за да собере архивска и друга граѓа. Тоа уште повеќе побудило интерес кон битолскиот народен говор и почнал да бара и да проучува библиографски единици во кои може да се најде нешто и за битолскиот говор, односно да помогне за негово научно обработување. Од таквите библиографски единици Воислав И. Илиќ препишувап фрагменти и ексцерпирал примери. Веќе во есента на 1944 година тој имал испишано две тетратки со такви материјали. На првата корица од двете тетратки стои насловот „Битољски дијалекат“, со тоа што кај втората тетратка првиот збор е скратен на „Бит.“. Тетратките се нумерирани со римски броеви: I и II.
За одбрана на неговиот труд кој повеќе од деценија и пол го подготвувал не добил зелено светло од српскиот научник Александар Бељиќ, кој бил член на комисијата и бил познат по неговите лоши ставови кон македонскиот јазик кој за него бил јужносрбијански дијалект, а најповеќе прикажувањето на битолскиот говор како македонски, а не српски.
Затоа Илиќ морал бил приморан да одбира друга нова тема “Језик Бранка Радичевиќа” која за една година успешно ја одбранил.
Како негов аманет овие списи остануваат во проф. д-р Стојан Ристевски од Охрид кој во неговата длабока старост му укажа чест на проф. Васил Дрвошанов да ја приреди и издаде дури во 2020 г. монографијата Битолскиот говор на Воислав Илиќ, со констатација дека “Битолски дијалект” е првата дисертација во историјата на македонската дијаелектологија која за жал му беше одземено правото да биде прва, на штета на македоностиката и на славистиката воопшто.
Како пример од оваа монографија споделуваме со вас еден текст од битолскиот говор кој беше проучуван од Првата до Втората Светска војна
Оваа дисертација е околу 250 страни и нема многу примероци од неа. Доколку некој од вас сака да ја добие слободно да го контактирате господинот Васил Дрвошанов на телефонските броеви 02 203 2005 и 072 560 306.