На 08-ми август 2021 година во манастирот Св. 40 Маченици ( Кркардаш) кој се наоѓа над битолската населба Баир по кажување на тамошните жители и домаќини за прв пат во неговата понова историја се одржа венчавка на битолскиот пар Николче и Моника Гроздановски а воедно на истиот ден направија и крштевка на нивните две деца Ина и Тео Гроздановски.
Како што сами раскажуваат за празникот Кркардаш го дадоа зборот, за истиот празник се регистрираа и затоа одлуката падна и во манастирчето Кркардаш да се венчаат.
Сите најубави моменти од давањето на збор до венчавка ни се поврзани со манастирот Кркардаш, само во различни години… ни пренесе Моника.
Нека им е со среќа и ова да биде повод и за другите битолчани да го користат ова свето место за овековечување на нивните најубави моменти.