И Битола си има цветна аранжирана куќа која можи да се токми со куќите во Волкодери

од August 14, 2021 0 коментари

Сите ги имаме здогледано преубаво украсените и аранжирани со многу цвеќе, куќите кај ресенско Волкодери, воодушевени од големата љубов на нивните домаќини кои покрај нивното скапоцено време и пари одделуваат и голем труд за сето ова да го задржат и негуваат секоја година. Во Битола и немаме баш некоја куќа која приближно може да ја стигне нивната убавина се додека не ја здогледавме оваа куќа на битолска тепсија, поточно на улица 11-та. Домаќински уреден двор, балкон и тераса. Секоја чест за нивната макотрпна работа, за големата љубов кон цвеќето која многу кажува и за големината на самата фамилија. Горди сме што имаме вакви сограѓани, пример за сите.

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *