НОВ НАЧИН НА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВЕН МАТЕРИЈАЛ ОД УТРОБАТА СО ЛАПАРОСКОПИЈА
На стручен состанок, прим. д-р Таше Трпчевски го презентираше најновиот начин на лапароскопско вадење на оперативен материјал.
Овој зафат не се одвива преку ѕидот на стомакот, туку преку задниот вагинален ѕид, што претставува прв ваков оперативен зафат не само во Болница „Плодност“, туку и во регионот. Со ваквиот вид на оперативно отстранување, се избегнуваат трауми, кожни дефекти и пациентот побргу се опоравува.
Иако лапароскопијата важи за инвентивна метода, сепак, при оперативни зафати каде што е потребно да се отстрани поголем оперативен материјал од матката или од јајниците од утробата, потребно е да се прошират линиите на резовите.
Преку овој најнов начин на вадење на оперативниот материјал, преку задниот вагинален ѕид, не се прават дополнителни оштетувања на кожата.
Секогаш први, секогаш во чекор со најновите светски достигнувања. Болница „Плодност“, Битола.