Како дел од навивачите кои вечерва ќе ја бодрат нашата фудбалска репрезентација на мечот во Порто со екипата е нашата битолчанка која моментално живее во САД, Мартина Радевска од Чикаго.
Чест и гордост ми е да присуствувам на ова финале каде ќе си навивам за мојата Македонија. Иако неколку години сум во САД, македонското, посебно и битолското во мене никако да замре. Секогаш кога ќе имам можност ги посетувам ваквите значајни натпревари и секако мојот роден град Битола, за што не жалам ниту време ниту пари… ни напиша Мартина.