Музиката за легендарната нумера “Чија си” е компонирана во 1969 година во Битола од битолчанецот Славе Димитров (1946) која без име стоела во фиока скоро две години. Еден ден му ја отсвирил на Благој Стефановски (1953г. во Битола) кој е автор на текстот додека песната за првпат јавно е објавена на Фестивалот на забавни мелодии „Скопје 71“.

Изведена е во две верзии, првата во вокална интерпретација на Димитров,

а втората во интерпретација на Крунослав Кичо Слабинац. Била наградена со втора награда од публиката.