Викендов на крос патеките кај Орман во Скопје битолчани во најдобро светло ги покажаа своите мото перформанси.

Одлична трка за Зоран Каранфиловски Ќаме кој без проблеми го освои првото место во двете возења:

– “Голема благодарност до моите спонзори кои ми помогнаа, без кои не беше возможно да настапам на сите трки: Новоматик, Астра Казино, Казино Адмирал, Иле Алабаковски кој ми го отстапи неговиот моторцикл за оваа сезона. Оваа победа сакам да ја посветам на другарчето кое прерано нѐ напушти од овај свет Ѓоко Стефановски. Од срце е ставено логото во негова чест на моторциклот “Здружение на мотоциклисти Ѓорги Стефановски.”-напиша Ќаме на неговиот фејсбук профил.

Покрај Ќаме во категоријата МХ2 победник беше битолчанецот Христијан Станковиќ, во категоријата МХ1 на високото второ место беше пласиран истотака битолчанецот Михаил Бајовски, додека во класата OPEN прво место освои Павел Иванов. Инаку сите овие битолчани настапуваа за клубови кои не се од Битола…


Фотографии Мотори.мк