Битолчанецот Владимир Неделковски заедно со неговите колеги и другари параглајдеристи Александар Гацевски, Дарко Станковски и Мартин Јовановски за два месеци треба да полетаат за Аргентина на Светско во параглајдинг. Како и во секоја друга околност кога треба нашата држава да се престави достојно, нејзините челници не одвојуваат доволно пари и така четворицата македонски репрезентативци кои зад себе имаат огромен број успеси одлучија сами да бараат донации.
Нашата Македонија, можеби е мала земја но докажано раѓа спортисти со врвни квалитети. Во Параглајдингот можеме да се пофалиме дека имаме пилоти, херои, кои важат за едни од најдобрите во светот. Фактот дека Македонија го живее своето ‘златно време’ во овој спорт повторно се потврди годинава со врвните успеси, подиуми и победи, на нашите пилоти на повеке интернационални натпревари и со тоа, Македонската репрезентација е поканета од Интернационалната асоцијација да учествува во полн 4-член состав на претстојното Светско првенство 2021, кое ке се одржи од 31-ви Октомври до 13-ти Ноември во Аргентина.
За жал нашата земја во моментот не одвојува доволно средства за да се покријат трошоците за учество на Македонија на Светското првенство, а истовремено, нашите пилоти финансиски се целосно исцрпени од изминатите натпревари и не можат да ги покријат и овие трошоци, кои вкупно за целиот тим(патни трошоци, сместување и котизации) изнесуваат околу 10 000 евра.
Со цел да добиеме шанса да го претставиме спортскиот дух на Македонија, ги замолуваме сите кои имаат можност да помогнат преку донација и споделување на социјалните мрежи.
За да донирате средства ТУКА