Битолскиот фотограф Алберт Чока Ахмедовски после летното невреме кое ја зафати Битола, патот го однесе на Тумбе Кафе каде за жал имаше многу паднати и искршени дрва. Додека другите битолчани само поминуваа покрај нив тој самоиницијативно се фати за работа и расчисте неколку:

Сѐ за природата и екологијата од мене толку. Другото го оставам на вас. Има уште многу паднати дрва во Тумбе Кафе (денес после дождот), да се надеваме дека надлежните служби ќе превземат нешто повеќе околу тоа… ни пренесе Алберт.