Како што пренесува австралиската полиција, нашиот битолчанецот Менде Трајковски (42) кој подолго време живее во Австралија, се коцкал на покер апаратите во казиното „Стар“ во Сиднеј со огромна сума на пари кога им западнал во око на истражните органи.

Менде за една недела преку покер апаратите испрал над 100 милиони долари, а 18 месеци подоцна полицијата му стави лисици на рацете, објави телевизијата „9Њуз“.

Следењето на Менде започна од почетокот на 2020 година и поради неговата пасија за коцкање на милионски суми, полицијата во државата Нов Јужен Велс започна со истрага од каде потекнуваат овие пари. Случајот на крајот водеше и кон апсење на тројца мажи од Сиднеј кои се обвинети за криминален заговор за набавка на три тони кокаин, што е количество кое на годишно ниво циркулира низ улиците на целата држава.

-Фармерите во Колумбија за оваа дрога добиваат два долари дневно. Картелите заработуваат 3,80 долари за грам, а кога ќе дојде до рацете на овој криминален синдикат кој ќе го дистрибуира низ улиците на Сиднеј, цената ќе достигне 400 долари за грам – соопшти заменикот командантот на полицијата во Нов Јужен Велс, Стјуард Смит.