Битолчанецот Сунаи Мифтар (20), студент на факултетот за физичко образование и спорт во Скопје на 27.04. 2019 г. во Швајцарија во градот Фрауенфелд имаше тешка кик бокс борба со швајцарецот Симон Хаусаман која со задоволство на сите успеа да ја добие.

Тоа беше негова прва професионална кикбокс К1 борба по правилата на WKU федерацијата против одличен домаќин кој му пружи доста отпор, но и фер борба. На крајот беше совладан со судиска одлука.

“Кога сонот ќе стане реалност тешко е да се опиши чувството со зборови но еве ќе се обидам да доловам барем дел од тоа чувство.

Најпрво сакам да се заблагодарам на мојата фамилија, моите најблиски, роднини, другари, пријатели и сите тренинг и спаринг партнери кои ми даваа поддршка уште од самиот почеток. Кога сме кај почетокот да ја раскажеме приказната уште од нејзиниот почеток.

Бев дете, растено со филмовите на Ван Дам и борбите на мојот најголем идол вујко ми и затоа се пробуди желбата кај мене да бидам борец и конечно на 10 годишна возраст моите родители ми дозволија да се занимавам со боречки вештини и ме предадоа под крилата на мајсторот Златко Неделковски…

… човекот кој опфаќа голем дел од моето детство па се до ден денес, човекот кој ме научи да бидам борец а пред се “човек” . Мајсторе Ви благодарам за се, Ви благодарам за советите и поддршката кој продолживте да ми ја давата и после моето заминување во Скопје.

Исто така сакам да му се заблагодарам на господинот Садин Зенку кој ми овозможи да се изборам за мојот сон и за гостопримливоста која ми ја пружи во Швајцарија.

И секако една голема благодарност на мојот постар брат, ментор и тренер Димитар Горгиев и тимот на КБК Работнички Адора кои после моето доаѓање во Скопје несебично ме прифатија да бидам дел од нивниот тим, ми пружија огромни можности, доверба и поддршка.

А најголемата благодарност припаѓа кон семоќниот Господ кој ми овозможи да го остварам сонот на детето во себе.

Мене ми требаше 10 години за да го остварам детскиот сон, да победам на првиот професионален кикбокс меч, затоа луѓе не се откажувајте од вашите соништа работете напорно и еден ден сето тоа ке стани реалност.

А јас продолжувам понатаму да работам напорно за да ги остварам моите нови цели, соништа- сагата продолжува.”- за крај ни опишува Сунаи

Видео од борбата

Честитки Сунаи и само напред!

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here