Најмладиот милионер во земјава има само шест години, а најстариот 101 година, покажуваат податоците на УЈП. Во Македонија битолчанец e најбогатиот граѓанин , а на стружанец му била исплатена највисока плата. Стружанецот пријавил 1,9 милиони евра годишен бруто доход, работел во индустријата со метали.

Скопјани доминираат на листата со највисок доход, сепак најбогат граѓанин е битолчанецот со остварен годишен доход од скоро 3,5 милиони евра.

„Во споредба со 2018 година кога највисокиот остварен доход беше 1.056.992.055 денари има значајно намалување, така што прворангираниот во 2019 година кога би се нашол на листата од 2018 година би бил деветто рангиран.“ – Сања Лукаревска Директор на УЈП.

Повеќе ТУКА