Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на конзулите и телевизија Тера и денес заедно со вас и фотографиите од нашата Битола во минатото. Постарите битолчани носталгично се сеќаваат на првата зграда на битолскиот Народен театар, која беше изградена на почетокот на 20 век каде за првпат на македонски јазик е прозборено во едно драмско дело. Сместена во центарот на Битола, таа била главно место за собир на битолчани, кои, пак, се познати по својата љубов кон театарот и истанчениот вкус за уметност. Зградата е рушена во 1980 година, а на нејзино место е изграден нов модерен Центар за култура.