rrem_vivid

Веќе неколку дена нашиот град Битола е домаќин на неколку светски ликовни колонии кои тука се присутни по повод одржувањето на 38-то издание на Малиот битолски Монмартр. Меѓу нив е и тимот на Израел воден под раководство на уметничката Ширли Сигал:” Битола е многу прекрасна и убава. Место кое потсетува на европски град кој е распостелен на убава локација и сето збиено на едно место. Се воодушевуваме од старата градска архитектура, од остатоците на некогашните конзулски времиња. Просто неверојатно.Оваа ни е трета година како што учествуваме. Ја чуствуваме пријатната топлина од битолчани и на секој чекор добиваме безброј воздишки за нашите уметнички дела со кои на тукашните жители им даваме еден подруг начин на визуелизација и доживување на градбите кои со векови се распостелени една до друга.Битола е град со голема историја. Град израснат од многу култури и народи меѓу кои беше и нашиот народ, евреите. Затоа учеството на Малиот битолски Монмартр е посебно за сите нас.Го доживуваме лично, со посебни емоции и голема љубов. Освоивме и златна награда.Нашиот тим е пресреќен и добивме уште еден поттик плус за да уживаме во раскошноста на Битола.На Широк Сокак, на Старата чаршија каде сеуште има знаци од некогашната наша култура која баш на ова место беше и најголемиот двигател на економијата на овај град.Ширли СигалВо разговорите со домаќините битолчани, многу од нив и не знаат за сето ова. Од тука упатуваме апел со најдобри мисли дека секогаш ќе бидеме со вас, покрај вас, за добро и за лошо. Како што некогаш било така и пак ќе биде. За Битола ќе биде посебно. Како што е на нашите цртежи така ќе биде и во нашите срца. Убава и мила. … ни раскажа Ширли Сигал, менаџерот на тимот од Израел и продолжува:Ади Левинштајн, Хили Бен Или, Шакед Баркаи, Ширли Сигал и Мима Герас Дочовска”Имињата на моите ученици се:
Ади Левинштајн има 23 години од Модин, Хили Бен Или има 17,5 години од Лапид, Шакед Баркаи 13 години од Лапид, Израел. За време на натпреварот, учениците сликаат помеѓу 10-13 часа секој ден. Тие за овај настан вежбаат цела година.Јас дојдов на натпреварот, бидејќи јас сум професионален уметник за сликање на портрети на камен. На камења ќе ги насликам портретите на луѓето од еврејската заедница во Битола.Овие портрети ќе бидат поставени како уметничко дело и спомен на еврејските гробишта во Битола, најголемите на Балканот кои се стари повеќе од 5 века “, вели Ширли на крајот од нашиот разговор.Ние им посакавме пријатен престој во Битола и Македонија , да си имаат убави сеќавања кои исто така ќе бидат дел од нашиот град, бидејќи тие се оние кои помагаат за зачувување на карактерот на нашиот град, засекогаш…English version:For several days our city of Bitola is hosting several world art colonies that are here on the occasion of the 38th edition of the Small Montmartre of Bitola. Among them is the Israeli team led by artistic Shirley Sigal:“Bitola is very beautiful and lovely. A place that reminds you of a European city that is located in a beautiful location and all together in one place. We are admiring the old city architecture, from the remains of the former consular times. Just amazing.This is our third year as we participate. We feel the pleasant warmth of Bitola citizens and at every step we get countless sighs for our works of art that give the inhabitants here a way of visualizing and experiencing the buildings that have been centuries apart.Bitola is a city with a great history. Cities brought up from many cultures and peoples among which our people, the Jews, are fleeing. That is why the participation of the Small Montmartre of Bitola is special for all of us. We experience it personally, with special emotions and great love. We also won a gold award. Our team is overjoyed and we got another boost plus to enjoy the splendor of Bitola.On the Shirok Sokak, the Old Bazaar, where there are still signs from our former culture, which in this place was the biggest driver of the economy of this city.In conversations with the hosts, many of them do not know about all this. From here we send an appeal with the best thoughts that we will always be with you, besides you, for good and for bad. As it used to be, it will be again. Bitola will be special. As in our drawings, so will be in our hearts. Nice and sweet…tell us Shirley Siegal , the team menager and she continue:”The names of my students are:
Adi Levinstein is 23 years old from Modiin, Hili Ben Or is 17.5 years old
from Lapid, Shaked Barkai 13 years old from Lapid. During the competition the students paint between 10-13 hours each day. They practice all year long.I came to the competition because I am a professional artists painting portraits on stone. I will paint the portraits of people of the Jewish community of Bitola on stones. These portraits will be placed as an artwork and a memorial in the Jewish cemetery of Bitola, the biggest on Balkan which are 5 century old”- says Shirley at the end of our conversation.We wished them a beautiful stay, nice memories that will also be part of our city because they are the ones who help preserve the character of our city forever.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here