Од денес на повеќе локации во Битола ја имате бесплатната Туристичка Мапа на Битола изработена благодарение на Инс Медиа – Иван Чулакоски заедно со Туристичкиот водич – Горан Пинза.
Со голема радост и гордост Ви го претставуваме третото издание на Bitola Tourist Map, годинава збогатена со брошура од 32 колор страни.
Делата се она кое што ќе остани, а ние преку дела сакаме да оставиме еден мал белег во развојот на туризмот и промоцијата на нашата Битола пред гостите кои ни доаѓаат.
Битола и тоа како има што да покаже и со што да се пофали, а наше е да ја претставиме и промовираме.
Мапата од денес е достапна во 15.000 бесплатни примероци на повеќе од 50 локации во град Битола, поширокиот регион, Скопје и Охрид.
Мапата е бесплатен примерок и пример за сите нас со колку малку може МНОГУ да се сака Битола.
Благодариме…
.