Казни, јавно понижување и граѓански иницијативи, секој град има различен начин за справување со градската чистота. Дефиницијата за чистота, е најразлична во различни делови од светот, а секако и културата на луѓето. Во Кина можете да видите луѓе кои плукаат на улица (а исто и кај нас), а во Африка има изобилство на скршени садови оставени да скапуваат покрај патиштата. Монако, од друга страна, обезбедува бесплатни кеси за да исчистите отпадот од вашето куче.
Според истражувањето спроведено од страна на консултантска компанија Џонсон Глобал најчист град во светот е моментално нашата Битола, а по него следат Аделаида во Австралија, Хонолулу, Минеаполис и Кобе во Јапонија.
Спроведеното истражување ја оценуваа хигиената врз основа на пет фактори: достапност и питкост на водата, отстранување на сметот, квалитет на канализацискиот систем, загаденост на воздухот и сообраќаен метеж. Интересно е тоа што ѓубрето фрлено на улица, кое обично се смета за показател за чистота воопшто не е земено во предвид додека значителен фактор беа дивите депонии кои во последно време се исчистени од доброволци за што и се доби висока оцена.
Битола започнува да важи и за еден од градовите кои прилично многу води сметка за чистотата на улиците. Се наплаќаат „пеколни“ казни за фрлање на отпушок од цигари или хартивчиња од прозор од автомобил, хркање и плукање на балгани, лушпи од семки и сончоглед кои дневно изнесуваат и до неколку илијадници евра.
Големата оценка се должи и поради тоа што самиот град многу вложува во екологијата која значително е забележлива на главниот Широк Сокак, Шеталиште, стара чаршија, Нов пазар и други после поставувањето на таканаречените невидливи (стелт) канти за ѓубре.
Доколку некој по трет пат ќе биде казнет со фрлање ѓубре на непредвидените места може да осуден на јавен срам и да носи табла на која пишува „Јас сум ѓубре, фрлам ѓубре на улица и не сум прав битолчанец .“
Битола исто така го казнува и фрлањето на гума за џвакање на кои било друго место освен во кантата за отпадоци, уринирање во лифтови и непуштање на вода во јавните тоалети. Низ градот редовно потролираат маскирани полицајци како пензионери (баби и дедовци) кои се грижат законот навистина да се спроведува.
Дека финансиската моќ на битолчани не е клучна за одржување на чистотата на градските улици доказ се неговите иселеници кои редовно праќаат средства и учествуваат во заедничкото годишно чистење во месеците јули/август кога само заради тоа доаѓаат.
Топ 10 најчисти градови:
Битола, Македонија
Аделаида, Австралија
Хонолулу, Хаваи, САД
Минеаполис, САД
Кобе, Јапонија
Копенхаген, Данска
Велингтон, Нов Зеланд
Хелсинки, Финска
Осло, Норвешка
Фрајбург, Германија