oznorWO_vivi

Многу некогаш познати занаетчии своите работни места. Или се починати, или заминати во пензија и низ чаршијата навраќаат одвреме навреме. Трагите што тие ги оставиле не се бришат лесно. Повозрасните раскажуваат нивните квалитетни производи и услуги. Еден се чини дека нема едноставно да се оддели од својата берберница „Венера” , лоцирана во близина на градскиот саат на улицата „Цар Самуил”. Него го помнат многу муштерии,
граѓани. Како цел живот да го поминал во својата берберница. Дури некои сметаат дека тој е еден од највозрасните занаетчии- бербер. Можеби тоа е точно зашто Зухди Малик веќе има 83г., а секој ден го минува во дуќанот. Некогаш со два-три муштерии, неколку посетители.

Последно време заради пандемијата и сам-седнат на берберското столче. За занаетот, занаетчиите, чаршијата, колегите бербери знае речиси се. Таков бил од мал – љубопитен, а годините не му попречиле да го е заборави минатото. Раскажува како се да било вчера и затоа секогаш е интересно да се осознае неговото „берберско” минато, да раскаже некоја анегдота, да Ве потсети на нешто што сте го заборавиле, или не сте му обрнувале внимание.

Па со години суи неразделен од занаетот, контактите со колегите, муштериите. Многумина доаѓале во берберницата и сѐ по нешто ќе запомнев од нив. А, сум еден и од и „старите” битолчани и не може така лесно да ги заборавам моите соседи, пријатели и муштерии- вели Зухди, повеќе познат меѓу
а граѓаните како берберот Зуди.

Роден е во Битола. Татко му Риза бил сарач, а мајка му Ајше домакинка. Имал и браќа и сестри и тоа: Зекирија, Хвзи, Исмаил, Сундус, Захиде и Зухри.

-Од 1953г. речиси кога имав 14г. започнав да го учам берберскиот занает. Од 1955г. сум на „Цар Самуил” бр.11. Најпрвин занаетот го учев кај Зиса Нашоку, потоа Сали, па кај Таки Жапоно на „специјализација”. Сите беа добри мајстори, не само во Битола, туку и во Македонија. Две години имав прекин во работата заради „војската”, кога служев во Требиње, Травник, Сараево, Вировитица. После обуката, цело време работев како бербер. Така продолжувам и денес. Занаетот не е тежок, ако го сакаш. Се што работиш со воља не е тешко. Цел ден сум во дуќанот, освен за верските и државни празници-ни кажува Зуди.

Оженет е за Сајме и има два сина Ерол и Орхан, кои работат како сервисери на бела техника.

Кога бев помлад имав повеќе работа иако дел од граѓаните се
бричеа само два пати неделно.
До 1960 г. немаше добри жилети и муштериите доаѓаа кај нас.
Работев двократно. Одев дома за ручек и попладне пак се враќав.

Со Зуди разговараме и за некогаш познатите бербери. Вели дека Жапоно бил „шампион”. Ги споменува Вангел, Зиса па и познатиот автор на песната „Битола мој роден крај” Ајри Демировски, кој на Зуди му бил чирак, а потоа се ангажирал во Радио Битола. Кажува дека Ајри немаше берберски дуќан но,
како калфа работел кај Панде на Широк Сокак, покрај реката Драгор, од каде заминал во Графичка школа во Загреб и извесно време бил ангажиран и
кај Антената на врвот Пелистер. За Ајри ни објаснува дека бил добар цртач, дури цртал и карикатури, а кога заминал за Турција, таму уредувал весник, најпрвин во Истанбул, а потоа во Измир. Дали љубовта кон музиката, своевремено зашто Зуди свиреше гитара, не ја засакал заради контактите со Ајри Демировски, не ни кажал но, дека и денес е љубител на убави песни и мелодии, тоа сите го знаат. Свирел и пеел и со Јани Цветковски- кој отспротива од неговата берберница имал чевларски дуќан „Источно дрво”, со кого и најчесто другарува.

Се разделивме надевајќи се дека и друг пат ќе го посетиме, за да ни евоцира спомени за занаетчиството и занаетчиите во
Битола, берберите и чаршијата,
која била дел од неговиот живот.

Петар Ставрев за весникот Занаетчија