После слетувањето на Роверот на Марс, НАСА одлучи да го испрати на друг дел од нашата земјина топка на локација за која се смета дека пред неколку години имало живот и неколку години нешто плански се подготвувало.

После седумесечно патување во вселената и милијарди вложени долари, вечерва од Марс полета роверот на Американската вселенска агенција (НАСА) со задача да утврди дали во минатото постоел живот и на некои делови од Земјата.

НАСА соопшти дека роверот наречен „Ваша последна надеж“, го обавил и последниот, најризичен дел од патот, и вечерва успешно слета на стазата на Ски центарот Копанки, на која ќе собира примероци и ќе прави фотографии кои ќе бидат анализирани во потрага по древни облици на живот на ова место.

Неидентификуван столб со ел. инсталација

Според фотографиите кои ни ги испрати, а ги обиколија цел свет на Горната стаза од Ски центарот Копанки уште пред непознат временски период имало електрична инсталација, столбови кои се најверојатно за рефлектори за ноќно скијање и инсталација за снежни топови.

Некогашна инсталација за снежни топови

Во еден дел е забележан и некаков напуштен објект, изграден најверојатно од камења и со сигурност може да се потврди дека тука некогаш имало жив свет, можеби чајанки и музика.

Според анализите од фотографиите на НАСА тука најверојатно пред неколку години имало некои луѓе кои што биле визионери и планирале нешто повеќе за да има живот и просперитет на ова место, но сега работите се променети и не е како што треба.

Слетувањето на роверот е најризичниот дел на цела операција со оглед дека влегол во нашата држава и големи се шансите да биде уништен и предаден на откупните пунктови за старо железо.


п.с. Бидејќи возилото Ровер е мултифункционално и вредно милијарди долари, камерата за жал е со црно бела технологија и со помош на нашите стручни екипи успеавме да го колоризираме во боја и замислете, сето ова се наоѓа на Копанки неколку години по ред и без функција.


Веста е измислена и дел од рубриката ЛабавО, наменета за забава на пошироката народна маса. Се друго прикажано на фотографиите е вистина и постои неколку години без да функционира.

еден коментар

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here