Заврши втората и последна вечер на Балкан Гала 2022 Pop Symphony во организација на Камерен Оркестар на ⋮IWConnect. Нема зборови со кои може да се опише атмосферата која вечерва имаа во можност да ја почувствуваат присутните на Pop Symphony. Воздухот беше исполнет со емоции, а песните се пееја во еден глас. Завршниот концерт кој ја затвори годинешната Балкан Гала само докажа дека Камерниот Оркестар на Битола – ⋮IWConnect се издвојува со својот квалитет.
Виктор Апостоловски, Викторија Лоба, Александра Јанева, Гоца Тржан, Мартија Станојковиќ, Ламбе Алабакоски, Ристо Самарџиев, Горан Каран и Тони Цетински направија вечерта да помине како еден миг. Оставаме сликите да Ви прераскажат за атмосферата која вечерва владееше на Ракометното игралиште во Битола.

Фото: Сашо Ставрев