Битолскиот камерен оркестар ⋮IWConnect, во изминатите два денови го наполна ракометното игралиште и докажа дека е културен бренд на градот за кој се бара билет повеќе, одржувајќи два концерти различни по концепт и држејќи ја публиката расположена и разиграна повеќе часови.

„Создадовме и овој пат најдобра комбинација на домашен и странски репертоар, поканивме на сцената и изведувачи со кои и порано сме ја делеле истата, но и нови имиња што само зборува колку е бесконечна оваа идеја, да се спои квалитетната изведба која може да ја пружи Камерниот оркестар ⋮IWConnect за музичко уживање со гласовите кои значат многу на овие простори„-изјави Владимир Димовски диригент и уметнички раководител на Битолскиот камерен оркестар ⋮IWConnect по вториот концерт.

На листата на гости се најдоа Ристо Вртев, Петар Младеновски – Суперхикс, Гиле – Електрични Оргазам, Михајло Трајковски – Сак, Ружица Ареа, Жарко Јакимоски, Тони Цетински, Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Горан Каран, Викторија Лоба, Александра Јанева, Мартија Станојковиќ, Ламбе Алабакоски, Виктор Апостоловски.

Ако се знае дека повеќето пејачи доаѓаат од различни градови, изведувањето на пробите е навистина комплициран процес. Но, за Битолскиот камерен оркестар ⋮IWConnect ова е одамна надмината пречка и во многу наврати покажаа дека и на далечина, со големите музички имиња може професионално да се завршат пробите и подготовките за публиката да ужива во високо квалитетна продукција на концерти во живо, по светски стандарди.

Резултат се два концерти со над 4 часа богат репертоар, а на првата вечер, како бонус беше и настапот на три артисти од електронската музичка сцена Daniel Emmerson, Herzel, Goran Kan, со што се заокружи богатата музичка програма која Битолскиот камерен оркестар ⋮IWConnect ја негува.

„Воодушевената публика на секој нов концерт на Битолскиот камерен оркестар ⋮IWConnect е само доказ колку е правилна нашата одлука од пред некоја година да застанеме зад овој уметнички ансамбл и да покажеме дека спонзорирањето на култура е значајно, како и да се одржи во живот еден уметнички колектив, но и да се гледа на него визионерски во смисла на развој и растење. Серијата концерти кои Битолскиот камерен оркестар ⋮IWConnect ги прави во текот на годината, со различен репертоар е само доказ колку овој проект, кој има поддршка од бизнис секторот и заедницата знае како квалитетно да создава. Ние како компанија која застана сериозно да го поддржи Битолскиот камерен оркестар ⋮IWConnect нема да застанеме тука. Продолжуваме да работиме партнерски со нив и како финансиска поддршка, но и како логистика во сегменти кои им се потребни за достигнување на нови висини и славењето на овој битолски културен бренд, во Македонија и надвор од неа„ – изјави Елизабета Мемца од комапнија ⋮IWConnect која е генерален спонзор на оркестарот.

Фото и видео Сашо Ставрев

Прва вечер:

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Балкан Гала 2022 Rock Symphony – Камерен Оркестар на Битола – ⋮IWConnect

Втора вечер:

ФОТОГАЛЕРИЈА) Балкан Гала 2022 Pop Symphony – Камерен Оркестар на Битола – ⋮IWConnect