Втора година по ред, Бадниковите поворки на радост коишто вообичаено вклучуваат директно учество на неколку илјади деца, ќе бидат заменети со големи хуманитарни акции.

За жал, пандемиските услови налагаат да се воздржиме од поголемо групирање и на секој можен начин да се потрудиме да го заштитиме здравјето на најмалите и најмилите.

Затоа Божикната радост, љубов, топлина и добрина во целиот претпразничен период и за време на Бадник и Божик, ќе ги шириме во вид на грижа за нашите сограѓани коишто се погодени од кризата и имаат егзистенцијални проблеми.

ℹ За таа цел, во периодот од 28.12.2021 до 05.01.2022 на плоштадите и други фрекфентни места низ речиси сите градови во Македонија, ќе организираме ЦРВЕН ТЕПИХ НА ХУМАНОСТА. Во Битола од 03.01-05.01.2022 г. во времето од 10.00 -17.00 ч.

Поставен покрај Божикната пештера, со црвениот тепих, симболично ќе ја истакнеме потребата за помош на ближните како наша најголема христијанска должност, а наши ѕвезди на црвениот тепих, ќе бидат сите хумани граѓани, фирми, организации, здруженија.

⚠️ СОБИРАМЕ ИСКЛУЧИВО НЕРАСИПЛИВА ХРАНА, ЗА И НАШИТЕ СОГРАЃАНИ ВО НЕМАШТИЈА, БЕЗГРИЖНО И РАДОСНО ДА ГО ПОМИНАТ ПРАЗНИЧНИОТ ПЕРИОД.

‼Во следните објави на страницата, очекувајте информации за конкретни датуми и локации на одржување на ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ НА ХУМАНОСТА низ различните градови во Македонија.

Со најголема љубов и почит,
Ваши Бадникови поворки 🤍