Збирката поезија „Аутопсија на љубовта“ од битолскиот автор Божидар Божиновски, познат
како Моџо Килингтон, ќе биде промовирана в петок (14 јуни), во книжарницата „Литература.мк“
на Широк Сокак во Битола, со почеток од 20 часот.
Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи длабоко интимна поезија, еден вид внатрешна исповед на авторот. Тој се соголува себеси, интензивно
чувствува љубов, копнеж, страв, безнадежност, апсурд… Помеѓу стиховите во кои се испреплетуваат тагата, болката и
разочарувањето, како противтежа, авторот ја спротивставува љубовта како нешто што ќе го
спаси светот…
Моџо Килингтон е писател, сценарист, активист на
социјалните мрежи. Дел е од популарната македонска комична и сатирична телевизиска
емисија „Фчерашни новости“.
Ве очекуваме !