Денес на Ќумурното игралиште во Битола за 19-то коло во Младинската лига женски фудбал се одигра големото градско дерби во кое домаќините ЖФК ТОП ГОЛ беа совладани од екипата на ЖФК АТЛЕТИКО со резултат од 0 : 6.

Стрелци на натпреварот беа:

Димитриоска Мелиса х 2
Павловска Јована х 2
Петковска Емилија х 1
Марковска Анета х 1

Честитки за двата тима од Битола кои со голема љубов и ентузијазам го негуваат женскиот фудбал.