Раскажувајќи за својот животен век Вангел Атанасовски Ѓуш не го заборава и детството, палавите години кога безгрижно си играше. Тој се сеќава на огромниот топ што беше поставен пред Офицерскиот дом.

– Беше тоа навистина огромен топ. Немаше затворач и ние децата се криевме во неговата долга цевка. Можеби беше долга nет метри, а многу широка. Битолчани, не знам зошто, го викаа Адам и Ева. Кога еднaш игравме во топот, слушнавме силна експлозија – ce ceќава Ѓуш.

Вангел Атанасовски Ѓуш

До експлозија дошло кога са залали воениот магацин, што се наоѓа на местото на Стадионот. Набргу магацинот изгорел. Војската го сврти Курдерес за да го гасне, но не успеа да го угасни, изгоре цела муниција. Од експлозијата на една голема бомба сите прозорци во Битола се искршија. Тогаш дуќаните сами да се отворија – се смее Вангел. Џепането изгоре, како што вели Ѓуш на третиот ден на Велигден во 1923 г.

Текст од весник, непознат извор

Фото насловна Милтон Манаки, колоризирана