Штипјанецот Александар Ѓоргиевски кој е познат меѓу нас по неговото хуманитарно здружение ПОДАЈ РАКА СПАСИ ЖИВОТ, со кое помага насекаде низ Македонија, испрати апел за помош за бабичка од битолското с. Ивањевци.
„Македонски народе до мене стасаа фотографии од мој ФБ пријател кој ме замоли за помош за стара жена баба Цвета од с. Ивањевци, Могила, битолско која живеела во страшно тешки услови без никакви примања без огревни дрва ја дочекала зимава без никој покрај себе оставена на милост и немилост па ве молам оваа објава да ја споделите со една цел да и помогнеме на оваа мила душа безгрижно да ја помине зимата .
Битолчани се познати по хуманоста сигурен сум ќе се вклучат луѓе и од овде и од дијаспората за помош на женава
За да добиете повеќе точни информации за баба Цвета Ве молам секој што сака да помогни на било кој начин да се обрати на момчето кое ми пиша за женава 078 234 362 Дејан Лазаровски.
Ве молам споделувајте
Подај Рака Спаси Живот“… завршува на крајот од неговиот апел Александар Горгиевски.