Прекрасна вечер и промоција на градската култура со ансамбл „Македонија“ во Офицерски за Илинденски денови ’22

од • July 26, 2022 • 0 коментари

Дел од програмата на битолското културно лето, во рамките на фестивалот „Илинденски денови“, беше и вчерашната незаборавна вечер во Офицерскиот дом, исполнета со настап на Ансамблот Македонија.

На овој настап претходеше отворањето на изложбата на костимите од периодот на Ала Франга со потекло од крајот на XIX и почеток на XX век, а беа прикажани и најрепрезентативните елементи кои се носеле во градовите Битола, Прилеп и Скопје.

Атмосферата беше збогатена со настапот и презентацијата на чалгиската традиционална култура претставенa преку песните и ората кои биле на репертоарот на повеќе градски центри се до почетокот на XX век.

Babam Bitola

Comments are closed.