Нашата битолчанка Ангела Лавровска (18) од Битола нејзиниот музички талент го претстави во живо пред стручното жири на новото музичко талент шоу „ЗАБЛЕСКАЈ“ после што продолжува во полуфинале:
„Свирењето пијано ми е голема љубов а најмногу ја сакам поп-музиката. Па затоа, најчесто пеам забавни нумери. Уште од мали нозе ја сакам музиката, а низ годините се трудам да ја негувам таа љубов и да го развивам својот талент.
Од македонската сцена најмногу ги слушам Елена Ристеска, Александра Јанева, Каролина Гочева, Калиопи итн. Искрено не можам да се одлучам кој е мојот музички идол, бидејќи имаме многу одлични изведувачи од кои може многу да се научи“… ни изјави Ангела.
Нејзината изведба ја имате на 27.12 минута од ова видео:
Нека и е со среќа и ние ќе продолжиме со поддршка на нашата млада и талентирана битолчанка!