Нашиот битолчанец Методија Атанасовски направи една мала ретроспектива и споредба на денешното испраќање на Аки Ракимовски во Алејата на великаните во Загреб со погребот на големата фудбалска легенда и наш битолчанец Миљан Миљанич во Белград, која изворно Ви ја пренесуваме :

Аки Ракимовски закопан со ковчег покриен со македонско знаме додека воздухот го параа прекрасните звуци на Зошто си ме мајко родила. Тоа е бескрајна почит кон родната земја, кон изворот, кон почетокот.

Ова ме потсети на погребот на уште една легенда Миљан Миљанич кој од преголема љубов кон родниот град и земја е закопан со Битола мој роден крај и Македонско девојче. Еве што пишувал весникот Новости тој ден:

BITOLA I MAKEDONSKO DEVOJČE

KOVČEG s telom Miljana Miljanića, uz melodiju pesme „Bitola, moj roden kraj” iz kapele su iznela njegova fudbalska deca: Dragan Džajić, Milovan Đorić, Stanislav Karasi, Vladimir Petrović, Jovan Aćimović i kum Vladica Popović. Dok su venci cveća pokrivali Miljanovu večnu kuću, tišinom Aleje zaslužnih građana jecao je zvuk trube, svirajući melodiju Čičine omiljene pesme Makedonsko devojče”.

Тоа се тие ЛЕГЕНДИ кои Србите ги викаат ЉУДИНЕ!!!


Големиот фудбалски великан кој беше испратен со песната Битола мој роден крај