На меѓународниот ден на холокаустот ќе се потсетиме на еден исклучителен човек кој за среќа ја избегна мрачната судбина на најголемиот број негови сограѓани Евреи. Јаков Ароести роден битолски Евреин, пред депортацијата успеал да се спаси по што крајот на војната го дочекал во разни логори низ Албанија од каде што се вратил во Битола каде што живеел до 1948 година. Во периодот од 1948 до 1957 година живее во Израел, но повторно се вратил во неговиот роден град каде што бил ангажиран од Историскиот Архив со цел да води евиденција за неговите сограѓани кои никогаш повеќе не се вратиле во својот град.
Имал јака меморија и успеал да евидентира нешто повеќе од 900 еврејски фамилии со нивните адреси, професии, а собрал и нешто повеќе од 1200 фотографии.
Неговата оставштина во Битолскиот архив денес е заведена под број 750 Збирка Битолски Евреи и е најзначаен материјал во колективната меморија на битолчани за нивните некогашни сограѓани.
Извор Државен Архив Одделение Битола