Hamachi Pelister Downhill Cup#7

Extreme Bike Team од Битола постои веќе 10 години и успешно организира спортски настани секоја година.

Ние како клуб и оваа година зедовме дел од Балканскиот Downhill Cup 2019 и ја организиравме 7-мата по ред меѓународна Downhill трка која се одржа од 1ви до 2ри Jуни 2019 година во Националниот парк Пелистер Битола. Името на трката е Hamachi Pelister Downhill Cup#7 а нашето мото за оваа година беше “Aдреналински на Пелистер”.

Pelister Downhill Cup беше одржан според правилата нa Union Cycliste Internationale UCI, и по правилата на Македонската Велосипедска Федерација.
Pelister Downhill Cup е одржан во рамките на Балканскиот Downhill Cup и е бодуван за ранг листа на ВФМ Велосипедската Федерација на Македонија.

Започнавме во сабота на 1ви Јуни со тренинзи, а во неделата се одржаа квалификациите и официјалната трка. Нашата стаза е 2км долга, со 400м висинска разлика. Стартот е на Копанки со 1600м висина, а финишот е на 1200м. На стазата имаме 6 скокови од кој највисокиот е 2м.

Имавме над 70 натпреварувачи од нашата земја но и од следните европски држави

Албанија, Грција, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Бугарија, Англија и Црна Гора.

Возачите се натпреваруваа во 4 категории и тоа:

Masters, elite, juniors, hobby

Медали и пехари имаше за сите категории, односно за првите тројца пласирани натпреварувачи.

Организаторот во соработка со спонзорите и партнерите на трката обезбеди дополнителни награди за најдобрите три времиња од сите категории:

Наградата за првото најдобро време изнесува 400 евра и ја освои Стивиан Гатев од Бугарија со време 3:21:647.
Наградата за второто најдобро време изнесува 200 евра ја освои Александрос Топкароглу со време 3:25:237.
Наградата за третото најдобро време изнесува 100 евра ја освои битолчанецот Александар Николовски со време 3:29:430.

Mногубројната публика уживаше во адреналинот кој ито како преовладуваше на стазата на Пелистер. Многу возбуда, екстремни возачи и незаборавни моменти имаше во текот на целиот настан.

Генерален спонзор ни е Hamachi од Штип, а како други спонзори може да се спомнат Алкалоид АД Скопје, РедБул Македонија, Зага продукција, Скопје MULTIHAUS, Јагода, Energo Sistem, Синпекс ДОО, Виола Бјути Центар, Stikeri.mk, ViA Apartments, Pub Bourbon Street, Еко Клуб Битола, Ans Print house, ЈКП Водовод Битола, Дарко Јефремов, ЈП Стрежево, Бабам Битола, Тера ТВ, 1tv.mk, TV21, Ava Kota 1050 Novaci, Hera Tours Travel Agency, Космос Компани, Пелистерка, Total TV Makedonija, Boulevard Bakery ОО Црвен Крст- Битола Nova Solutions, National Park Pelister – Macedonia ELEM TURS и Night Club Rascekor.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here