Втор пат во две недели вест за прејакиот проект на еден од најголемите загубари во Македонија – Македонски Железници – пуштиле воз до Жабени. После успешното купување на службени возила, не чекавме многу до нова победа, 17 километри пруга. Ја правеле 8 години. Пред 200 години пругата Битола – Лерин – Солун била направена за 3 години. Но сега, два века подоцна, ги поврзавме Битола и Жабени, со надчовечки напори, 8 години, 17 километри, 17 милиони евра. Милион по километар, ко со циркони да ја лепеле.

Ина Многуфина