Денес на 06.08.2022 г. во 19.00 часот во Офицерски дом во Битола беше одржана промоцијата на книгата „Корени“ која е автобиографско дело на авторката Гордана Лазаревска во кое таа раскажува за себе, својата фамилија и за нејзиниот роден град Битола.

На настанот беа присутни членови од нејзината поширока фамилија од Битола, Македонија, Србија и Канада. Како почесни гости беа поканети битолските хроничари проф. Александар Стерјовски и Петар Ставрев заедно со директорот на битолскиот Архив Одделение Битола м-р Гоце Стојановски. Мима Герас Дочовска и Наде Геневска Брачиќ беа битолските дами кои ѝ подарија посебен белег на оваа промоција раскажувајќи го делото со сопствени зборови до сите присутни гости, на кое му подарија посебен битолски шарм во салата на Офицерски дом, Битола.