Оваа фотографија датира од 1928 година и е фотографирана на местото викано „Грав-Пазар”. Во долниот дел на зградата била сместена бакалницата на Тане, а на катот горе се наоѓала агенција за патување. Потоа на ова место се наоѓала прочуената битолска слаткарница „Хигиена”, а сега е месарницата Рудо Јагне во склоп на Мал Безистен.