Со одлука на генералното собрание на ССРМ на РМ Викторија Брдаровска (ученичката на ОСМУ ,,Д-р Јован Калаузи”-Битола) е избрана за нов млад амбассадор на Битола. Таа ја презеде оваа функција заедно со Благојче Петровски (ученик во СОУ ,,Јосип Броз Тито”-Битола). Тие ќе бидат млади амбасадори кои ќе се борат за средношколците наредниот период.

Викторија Брдаровска исто така е најнаградувана средношколка за учебната 2020/2021 на општински, државни и меѓународни проекти и натпревари.

Од 10 јуни веќе се на оваа функција. Новите млади амбасадори на Битола ќе имаат задача да ги претставуваат сите средношколци на градот Битола. Досегашен претседател на средношколците од Битола беше Пеце Крстевски.

Изјава на новите млади амбасадори:

Почитувани средношколци, наша одговорност е да се бориме за сите средношколци подеднакво,од прв до последен. Добритe дела ќе ги правиме и ќе ги поддржуваме,додека пак лошите ќе ги критикуваме.Сите ние заедно, ќе направиме образовниот систем да биде уште подобар.

,,Секогаш сѐ изгледа невозможно додека не се направи“.