3 години со најдобрата игротека PlayZone од Битола

од November 18, 2021 0 коментари

Во текот на вчерашниот ден игротеката PlayZone од Битола заедно со многубројните детски насмевки и голема забава исполнета со богати награди за сите посетители го прослави нејзиниот 3ти роденден.

За сите мали гостинчиња следуваа мали и пригодни награди, додека за останатите меѓудругите беше доделено едно патување за во волшебниот свет во Трикала, Грција.

Главни забавувачи беа магионичарот Марло и кловнот Заги кои направија прекрасна атмосфера во исполнетата игротека која има 100 м2 лавиринт и 200 м2 за играње.

Од PlayZone се заблагодаруваат за поддршката од спонзорите и вашето секојдневно присуство со роденденските прослави на вашите најмили.

Фотографии испратени од игротека PlayZone

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *