Планинарскиот Клуб ПСК Пелистер во чест и слава на Димитар Илиевски-Мурато, првиот Македонец кој се искачи на највисокиот врв на Светот, Еверест денес на 7-ми Мај го организираше 33-тиот Традиционален марш каде учество земаа неколку стотици планинари од земјава и странство, со што Маршот добива меѓународен карактер.

Како први учесници кои пеш стигнаа на целта на 2601 м е 81 годишниот Петар Ставрев заедно со неговата 20-тина г. помлада екипа Тоше Трајковски и Пеце Даскалов.

Со моторни санки за на снег пристигнаа Зоран Зрла Балуловски, Коче Мусуланов и Миле Пес Костадиновски.

За првпат во историјата на овој Марш на споменикот на Димитар Илиевски-Мурато е поставено цвеќе како почит од битолскиот Градоначалник Тони Коњановски.