Светскиот ден на радиото се слави на 13-ти февруари, но битолскиот ден на радиото се слави следниот ден, на 14-ти февруари!

Тоа е роденденот на најпознатото битолско радио, популарната 106-ка, која оваа година го прослави својот 30-ти роденден. Иако неофицијално постои подолго од 30 години, сепак, радиото роденденот го слави на Денот на виното и љубовта. Значи за радио кое со секој извештај за рејтингот на медиумите објавен од Агенцијата за Аудио и Аудио-визуелни Услуги на Македонија ја има најголемата слушаност.

На нивната фреквенција (106.6 фм) можете да слушнете информации за медицина, наука, технологија, музика, филм и секако најновите хитови кои секогаш ги презентираат први, но и внимателно избраните класик хитови. Програмските содржини се наведени на нивниот вебсајт (106.com.mk).

Тимот на 106-ка вели дека и по 30 години, сѐ уште се заљубени во радиото и на своите сограѓани, но и на сите кои го слушаат на интернет низ целиот свет им се заблагодари за приврзаноста и им порача дека и натаму ќе остане во нивна служба, презентирајќи ја, како што велат, “Музиката на вашиот живот”!