Денес се испраќа првиот камион шлепер со 23 тони вода од фабриката на Горска донирани од страна на анонимен донатор од
Битола.

Утре тргнуваат уште два шлепери еден од Пелистерка и Општина Новаци, и уште еден од Синдикат на РЕК Битола, ДОО Есперанца, Битола, Макминерал- Пела Роса Битола и СН групација. Голема Благодарност до Феас Транс – Доленци, Евро-Стил Битола и Матрикс Груп-Ресен кои го обезбедија транспортот за трите шлепери вода.

Најголема благодарност до анонимниот донатор кој не охрабри да собериме уште два шлепери вода и градоначалникот на општина Новаци Стевче Стевановски како и горенаведените фирми кои ни излегоа во пресрет.