Продолжуваме со воведување на најновите технологии во нашата болница. Изминатите денови набавивме 3Д лапароскопска опрема од две големи свестки компании, Storz и Wolf.

„Поради зголемениот интерес на пациентите за микроинвазивната лапароскопска хирургија, сите лапароскопски операции ќе ги правиме со 3Д технологија во две сали, со што го зголемивме и оперативниот капацитет во болницата.

3Д технологијата е развиена на база на 2Д технологијата, но е многу попрецизна. Со примена на 3Д технологијата, се скратува времето на операцијата и попрецизно е сечењето на ткивните структури и крвните садови. Преку дуал камерата и дигиталната обработка на сликата се добиваат визуелни ефекти на операцијата, поради кои мора да се носат посебни 3Д наочари, со кои може да се почувствува бенефитот на 3Д технологијата.

Неверојатно е чувството да се работи со ваква опрема. Операциите ги завршуваме многу побрзо и многу попрецизно, со минимален ризик од грешка. Во моментот Ви доловуваме импровизирано како изгледа сликата на ткивата и крвните садови преку 3Д наочарите, кои ги носат операторот и асистентот. Многу ми е драго што и овој пат сме први во Македонија во донесувањето новини во лапароскопската микроинвазивна хирургија“ вели д-р Христијан Трпчевски, експерт за лапароскопски операции во гинекологијата.