Од меѓународниот турнир „ОЛИМПИК ОПЕН“- Скопје кој се одржа на 14.04.2024г. каде учествуваа околу 950 натпреварувачи од Македонија, Египет, Англија, Бугарија, Босна, Грција, Косово, Албанија и Црна Гора , КК „ЗАНШИН ДО “-БИТОЛА се врати со 19 медали и 1 пехар и тоа 3 злата, 3 сребра и 13 бронзи.
Со златен медал и пехар се закитија во ката тим машки 2017 год. Алексеј Петковски, Стефан Бошков и Јована Јовановиќ. Вероника Кочов и Стефани Кикевска уште еднаш покажаа дека каратето е спорт за сите деца и со одличен настап проследен со аплауз се закитија со златен медал и тоа Стефани Кикеска во ката 2016год. и Вероника Кочов во ката 2009год.
Со сребрен медал се закитија Николај Петковски Јована Јовановиќ и Михаил Јовановиќ во ката тим машки 2015/2016, Јована Јовановиќ ката 2016 и Надалина Талевска 2011 ката .
Бронза за Бојана Бошкова, Јована Јовановиќ и Николај Петковски ката тим женски 2016/2015; Николај Петковски, Бојана Бошкова и Лана Јовановиќ во ката тим женски 2014/2013: Каја Темелковска , Надалина Талевска и Марија Стојановска ката тим женски 2012/2011, Елена Јончевска, Леона Алиловска и Емилија Илковска ката тим женеки кадети , Алексеј Петковски ката 2018 год, Стефан Бошков ката 2017 год, Николај Петковски ката 2016 год., Бојана Бошкова ката 2015 год, Михаил Јовановиќ ката 2014 год, Лана Јовановиќ ката 2014 год. Каја Темелковска 2012 ката, Виктор Ристевски 2012 ката и Надалина Талевска ката 2010год.
К.К. „ЗАНШИН ДО “-БИТОЛА се подготвува за нови настапи кои следат и тоа СОЛИДАРНОСТ ОПЕН И ОХРИД ОПЕН. Вероника Кочов подготвува нова ката за настап на ОХРИД ОПЕН . Горда сум како тренер бидеќи Битола повторно е помеѓу најдобрите клубови…на крајот ни пренесе нивниот тренер Стевка Јанковска Петковска