Пред три дена во салата на Народното позориште во
Суботица започна шестиот фестивал на забавни мелодии „Суботица“ Фестивалот покрај учеството на неколку млади реномирани композиторски имиња учествуваше и ученикот од Средно-музичкото училиште од Битола Славе Димитров со композицијата „Ти и твоите очи”. Неговата мелодија ја освои третата награда што навистина претставува голем успех.

Текстот на оваа мелодија го напиша Борче Божиновски. На последната финална вечер за трите први награди се натпреваруваа 10 композиции. Наградата на Славе Димитров е за поздравување, затоа што тој прв пат зема учество на еден ваков афирмиран, фестивал на забавни мелодии.

П.

Хроника на Пелагонија од 09.05.1966г.

Голема благодарност до Државен Архив Одделение Битола