Возбудлива мотокрос трка се одржа викендов на Смолево во рамките на Шампионатот на Македонија каде во класата МХ85 Антонио Дамјановски (13) од Хамачи Екстрим го освои првото место, второ Огнен Тодоров, трето Алексеј Стојковски сите од Битола.

Битолските мотокросисти Антонио Дамјановски и Кико Илиевски се единствените кои во еден ден се имаат тркано 4 трки и постигнато прво место во двете класи. Ја завршува класата за 85 кубици и за 5 минути стартова во 250.

Куриозитет на цел настан заради што сеуште не се јавно достапни резултатите е победата на 13 годишниот Антонио во класата МХ2 каде иако со 85 кубици мотор се тркаше со 250 кубици мотори, успеа да ги прошиша далеку постарите и поискусни мотокросисти и да го освои првото место, заради што сега има приговори бидејќи се тркал со послаб мотор. На почетокот од трката беше побарана дозвола од сите учесници и организаторите кои се согласија со неговото учество, но на крајот кога го видоа неговиот успех започнаа несогласувањата. Антонио и неговата екипа сепак ги прифаќа резултатите какви и да бидат, се заблагодаруваат на професионалната и беспрекорна организација на трката од страна на Зоран Каранфиловски Ќаме кој во класата МХ беше на првото место,

додека Баже Спировски втор во МХ1.

Голема благодарност до Хамачи Екстрим , Конти Хидропласт Гевгелија, Сара Куновска, ПЗУ Амбуланта 2, Електрогопет и тренерот Михаил Бајовски.

На крајот да нагласиме дека сеуште изостанува поддршката на Општина Битола и битолските фирми и претпријатија која може само повеќе да ги стимулира нашите битолски мотокросисти.

Фотографии Дарко Ристевски

Честитки за сите! Браво👋👋👋