Изложбата „120 години од Илинденското востание – архивска меморија“ на Државниот архив, по нејзината официјална промоција на националниот празник Илинден (2023) во Крушево, а подоцна и во Охрид, Демир Хисар и во Музејот на македонската борба во Скопје, ќе биде претставена и во Битола. Изложбата содржи над 300 архивски документи и фотографии прикажани на 21 изложбено пано. Документите се дел од архивските фондови што се чуваат во Државниот архив, а се преземени од архивите во Истанбул, Софија и Белград.

Изложбата ќе биде поставена во Фоајето на Центарот за култура – Битола во периодот од 31 октомври до 3 ноември 2023 година.