Станваме саба- саба со мојо Мендо и седнуваме да поручаме. Џимиринки, биено сирење,чај од наваличе,кафе,јас со две лајчиња шеќер , Менде со натренче оти има шеќер во крвта. Ми вели Мендо,јас ќе напраам една јоклама и за ручек си идам дома . Си правам уште едно кафе, си клавам ракииче во чоканчето, палам една цигара ,па уште една, четири се сторија . Кујната чадоини како на времето во оној возо за Скопје со локомотивите на мазут ,кога ќе влезеше во тој тунело големио, ќе се испогушевме . Клававме на устата и носо крпи натопени со вода . Се ближи ручек време а оној мојо Тољољо (од каде ми дојде зборо не знам), значи Мендо го нема. Клавам една сукња на луксо, блузата деколте со сури ( Госпо негде дава,негде одзема), чантата под мишки и излегвам .Се мавам во тоа пемперето од портата,карам на глас , утре една синееица на лакто, ја толкава.Во чикмако само песот на комшиите џафка по мене . Правец – Шеталиште . Го гледам Менде од далеку и не ми се верва шо гледам .Седи на една клупа и си прави муабет со една џадија, разголена, разгологазена. Да би дамла да те удри си мислам, туку Паце ( јас сум Паца), ти ќе треба да му ги менваш пелените. Оклештен од уво до уво, ќе ти падне вилицата старо дртало, па ќе ме посрамотиш. Кога ме виде подбеле, сурато му се смени и почна да тептисва во говоро . Ни А ни Б ,како попче тргна пред мене. Се гледам јас надолу и што да видам,место чели сум излегла со местрите што си ги носам по дома. Затоа луѓето се пулеа чудно, да не речам се џареа во мене . Менде пред мене се усукал некако , па како жал да ми падна, ама се сетив на онаа што му правеше друштво на клупата и така под мустаќ просскав: Ќе видиш ти што те чека дома, назад ти е зимата .

ПОЗДРАВ ОД МЕНЕ – ПАЦА!

Анастасија Кокан Петровска