Минатата година, туристичките агенции имаа полни раце работа, по кризните ковид години кога народот не можеше слободно да патува. Тој тренд продолжува и годинава и туристичкиот сектор се враќа на предпандемиските резултати.

„Пари“ анализираше колкав промет и заработувачка направиле туристичките агенции лани. Инетересно е што имињата на кои сме навикнале како најзвучни. Пребарувањето по платформата БизнисМрежа.мк не ги исфрли како најпрофитабилни. На пример, во тоа друштво не ги сретнавме „Савана“, „Орфеј“,„Нехар“.

Истражувањето во соработка со БизнисМрежа и Таргет груп покажува дека најпрофитабилна била туристичката агенција „Бисер травел“, а најмногу промет направила „Фибула ер травел“, која има и најмногу вработени.

Податоците покажуваат дека во првите 5 ТОП по приходи туристички агенции, направен е промет од над 33 милиони евра, односно току вредат туристичките патувања преку овие агенции во 2022 година. Преку истите туристички агенции во 2021 година е реализиран промет од 18,7 милиони евра.

Повеќе кај нашите соработници Пари.мк