Со тешко срце и сили сакам да ги известам сите роднини, пријатели, душегрижници, зависници и душмани дека на вчерашен ден во тешка сообраќајна несреќа од страна на грчки душмани животот го одзеде на нашата најчиста
душа, мојата вереница, мојата душа и човек со најголеми човечки особини кој денешно време никој ги нема, Мартина.

Нема зборови со кои можам да ви опишам која карпа од човек е ова чупе, чекаме да се разбудиме од овој сон, не остави сите кога најмалку требаше, Господ ни го
зеде ангелот кој со пари не се купуваше а повеќе не припаѓа на овој свет.

Им посакувам опоравување на другите 3 девојки од кои две се во тешка состојба а за оној кој несовесно ја постигна оваа трагедија и то уби нашето чупе заврши онаму каде што припаѓа.

Мартина, ти си нешто што со зборови не се опишува, нема збор во нашиот речник со кој
можам да те опишам, храбра а толку мека, не бараше ништо освен љубов и внимание, најубава мистерија која некогаш постоела на овој свет, ѕвезда која ќе сјае на небото, ангел кој ќе сјае во
рајот!

Почивај во мир душо моја најсакана!

Со почит
Фамилија Наумовски и Илијовски