Што значи Битола Бабам Битола?
Babam (тур.) = Татко мој
Од Baba (тур.) = Татко

Никој не знае кога, каде и како настанала најпозната песна за Битола, ама им една легенда.
Легендата вели дека си бил некој турски војник кој служел војска во Битола. Кога дослужил, се
вратил дома , назад во Турција, па татко му го прашал :
Синко, ти беше до крајот на царството, дури во градот Битола, ајде раскажи ми што виде таму?
А синот, пак бил многу воодушевен од Битола и
животот во неа, па рекол:

Битола, татко мој (Бабам), Битола, …ееехх, … таму
се живот живее, таму се јади и пие, Битола е мајска
природа, Битола е рајска градина, со лични моми
убави, на лице бели црвени…..

Валентина Цветановска