Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави списокот на повикани ракометари за собир и подготовки за претстојното Европско првенство кое што во 2024 ќе се одржи во Германија.

Повикани се шест ракометари на Еурофарм Пелистер: Марко Кизиќ, Петар Атанасијевиќ, Цветан Кузманоски, Филип Кузмановски, Жарко Пешевски и Ненад Костески.

На резервната листа се наоѓа Павле Атанасијевиќ.

Собирот се закажува на ден 20 декември со почеток во 17:00 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.