Ни претставува особена чест и задоволство да ја информираме јавноста дека од денес нов член на Еурофарм Пелистер е македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски. Процесот на обединување на македонските репрезентативци и квалитетни странски засилувања продолжува и враќањето на нашиот поранешен член е одлука која оди во тој правец.

27-годишниот Кузмановски е дете на Пелистер, сите ракометни чекори ги направи во Битола и доби афирмација во нашиот дрес. Потоа се пресели во Металург, кратко играше во Еурофарм Работник, па се одлучи за интернационална кариера. Кузмановски избра германски предизвик и ја искуси Бундеслигата. Една сезона го носеше дресот на Магдебург, па три сезони настапуваше за Хановер, а од јануари годинава го носеше дресот на Вецлар.

Филип Кузмановски наскоро ќе му се стави на располагање на стручниот штаб и неговото деби се очекува деновите во Суперлигата и Лигата на шампионите. Официјалното претставување на Кузмановски како нов ракометар на Еурофарм Пелистер е закажано за понеделник 20 ноември.