Драги дечиња,

Дојде и нашиот омилен период од годината, кога започнуваме со подготовките за најмасовната Бадникова поворка во Битола.

Првата проба е закажана за утре 26.12. 2023г. во 18.00 часот на добро познатата локација во училиштето за веронаука, спроти Чико Пелагонка 2. Ве очекуваме среќни, весели, насмеани и топло облечени.

Со љубов, организациониот одбор на Бадниковите поворки 2024